Учесниците на конкурсот Battle of Minds за иновативни идеи во областа на заштитата на животната средина и зелената енергија, можат да освојат до 50.000 фунти и да добијат прилика за пракса и професионален развој. Глобалниот натпревар во претприемништво Battle of Minds е наменет за млади, талентирани луѓе кои се заинтересирани за областите екологија и енергетика, и сакаат да ги споделат своите иновативни идеи за одржлива иднина. Натпреварот се организира на локално, регионално и глобално ниво, а учесниците со најдобри идеи можат да освојат награда до 50.000 фунти, како и шанса за понатамошен професионален развој. Предизвиците за кандидатите се управување со отпадот, деловна култура, одгледување на храна и одржлива енергетика. Се пријавуваат тимови составени од две до четири лица, од 25 земји, од кои во Југоисточна Европа се Албанија, Косово, Северна Македонија, Србија и Турција. Можат да учествуваат студенти на додипломски студии и оние кои дипломирале во последните пет години. Учесниците кои оваа година ќе се натпреваруваат на локално ниво, можат да добијат прилика за пракса и понатамошен развој. Второпласираните иноватори на глобално ниво ги очекува награда до 25.000 фунти, додека првопласираниот добива до 50.000 фунти.
Многу потрошувачи не го рециклираат отпадот и тој завршува на депонии, иако амбалажата и другите материјали можат повторно да бидат употребени. Задачата на тимовите е да осмислат и претстават иновативно решение за поттикнување на потрошувачите да управуваат со отпадот на вистински начин. Задачата од областа на деловната култура е креирање на производи, апликации или програми кои ќе овозможат пружање на услови за работење како во канцеларија за луѓето кои работат од дома, без негативно влијание врз животната средина. Загадувањето е намалено во текот на пандемијата на корона вирусот бидејќи многу вработени не патуваат на работа, а намалената употреба на принтери и хартија, но од друга страна греењето на поголем број домови во подолг временски период сепак доведе до значителни емисии на загадувачки материи и гасови со ефект на стаклена градина. Предизвикот од областа на земјоделството е да се осмисли начин за да се осигура доволна количина на безбедна храна за сите и тоа со позитивно влијание врз животната средина. Бројот на жители на Земјата е на пат да достигне десет милијарди до 2050 година, што носи ризици од последиците од се поинтензивната употреба на земјоделското земјиште. Што се однесува до енергетиката, натпреварувачите треба да предложат како на луѓето во земјите во развој да им се овозможи да дојдат до пристапни и одржливи извори на енергија и да го унапредат општествениот развој. Конкурсот Battle of Minds е организиран од страна на British American Tobacco – BAT. Повеќе информации на следниот линк: https://batpars-battleofminds.com/