Насловна / Вести / Инсталираната моќност на обновливците со глобален раст од 45% во однос на 2019 година

Инсталираната моќност на обновливците со глобален раст од 45% во однос на 2019 година

Според податоците на Меѓународната агенција за енергија (IEA), новоинсталираната моќност на постројките за производство на електрична енергија од обновливи извори, во 2020 година достигнала 280GW. Тоа е пораст од дури 45% во однос на 2019 година. Најголем дел од таа инсталирана моќност отпаѓа на соларни електрани  (135 GW) и ветерни електрани (115 GW), а потоа следуваат хидроелектрани (20 GW), додека на останатите обновливи извори отпаѓа новоинсталирана моќност од 10 GW. Притоа, најголем удел во тој пораст отпаѓа на Кина, особено во подрачјето на копнените ветерни електрани и соларни електрани, каде кинескиот удел во новоинсталираната моќност изнесува дури 80%.

RES1

Тој тренд на порастот на моќноста на постројките на обновливи извори ширум светот ќе продолжи.  Притоа, соларните електрани и ветерните електрани ќе продолжат да доминираат во енергетскиот микс. Така, се очекува дека моќноста на соларните електрани во светот до крајот на оваа година ќе се зголеми за 8% во однос на минатата, додека до крајот на 2022 година треба да се зголеми за 10%, со што во голем број земји тие ќе станат најефтино решение за покривање на потребите од електрична енергија. И за 2021 и 2022, се очекува продолжување на доминацијата на Кина, кога станува збор за новоинсталираната моќност на постројки на обновливи извори на енергија. Така, таа во 2021 година би требало да се зголеми за 50GW, а во 2022 за 60GW. Истовремено во Индија новоинсталираната моќност на постројките за обновливи извори на енергија би требало тројно да се зголеми.

res2

 

Испрати коментар

Scroll To Top