Компанијата Ivicom Energy ја започна изградбата на ветерната електрана „Кривача“ во општината Голубац. Тоа ќе биде прва електрана од ваков вид во оваа земја лоцирана јужно од Сава и Дунав, бидејќи сите досегашни се во Војводина. Ivicom Energy е во сопственост на австриската компанија Ivicom Holding, која е многу активна во регионот кога станува збор за инвестиции во зелена енергија. Во „Кривача“ ќе се инвестираат 140 милиони евра. Електраната ќе започне со производство во средината на 2023 година, а очекуваното годишно производство е 310MWh. Во првата фаза ќе бидат изградени пристапните патишта, а ветерниот парк ќе брои 22 ветротурбини. Изградбата на локалните патишта во должина од околу 13 километри, ќе биде многу значајна и за локалната заедница, додека со изградбата на далеководите во должина од околу 20 километри ќе се подобри сигурноста во снабдувањето во тоа подрачје.