Леснотијата е едно од најпосакуваните достигнувања на дизајнерите на мебел. Столицата Aya на дизајнерот Marco Sousa Santos е во потрага по таков предизвик.
Оваа столица произведена од португалската компанија за мебел Branca е лесна, направена е од тенки парчиња дрво организирани и структурирани така да имаат минимален материјал за максимална структура. Знаејќи дека флексибилноста на дрвото е структурна предност, Ауа е како „танчерка“ со нежно кревко тело, се витка, но никогаш не се крши.
Димензиите на кожното седиштето се 55/55 сантиметри, а неговата висина 46 сантиметри. Ауа доаѓа во разни комбинации на дрво може да биде од полна бука, даб или орев.