Насловна / Вести / Пет начини малата градина да се направи поголема

Пет начини малата градина да се направи поголема

На секој простор, а особено на надворешниот, му требаат цврсти линии со цел да се контролира целиот хаос што е составен дел на сите градини, почнувајќи од разни цвеќиња до мебелот. Уредувањето простории е вистински предизвик, особено во случаи кога ни недостасува простор да ги примиме сите оние креативни идеи што секојдневно ни паѓаат на ум.

Најголемата задача што секој двор мора да ја исполни е да понуди флексибилен и практичен простор и за работа и за одмор.Сепак, подеднакво е важно во секој момент истиот простор да изгледа толку добро што не би сакале да го напуштиме – а особено не во претстојните топли денови.

Ако сте од оние кои немаат многу простор на располагање и сепак сакаат да сторат сé за да им заблеска градината во наредните месеци, имаме неколку предлози за вас.

Споредете ја градината со куќата

Ова едноставно значи мерење на јаките страни, стилови и материјали. Сакате да земете сè во предвид, големината на куќата, впечатокот што го остава, стилот што ја диктира нејзината околина. Запомнете, вашата градина е всушност дел од домашната средина и би било добро да се обидете да „скокнете“ во истиот елемент. Може да се толерира некој интересен контраст и детал што отстапува од целината, но суштината е да се создаде чувство на спојување кое веднаш и визуелно ќе работи во корист на градината.

Photo of elegant new design villa with backyard

Кажете „не“ на ѕидовите

Ѕидовите се неопходна работа во секој ентериер, но кога станува збор за надворешноста – строгите, класични форми и високите sидови автоматски создаваат чувство на тесност и клаустрофобија. Избегнувајте ги во широк лак, особено високи дрвени огради – оставете градината да дише! Дајте простор да се развива самостојно во насоката што ја избрала, а вие само понудите водство во форма на некој ефективен декоративен материјал, ниска ограда или украс.

Cozy backyard concrete floor patio area with table set. Northwest, USA

Тревниците не се добри решенија

Тревникот може да изгледа прекрасно, но само кога квадратните метри го дозволуваат тоа. Ако веќе сте наполнети со мал, тесен простор, последно што ви треба е да инвестирате во хемикалии, машини и енергија потребни за да го држите тревникот под контрола. Покрај сето тоа, визуелниот впечаток нема да ве собори од нозе. Секогаш е подобро да се одлучите за едно тревно парче градина што ќе биде збогатено со цвеќиња во разни бои отколку да се обратите за чиста варијанта на тревникот.

Small townhouse perennial summer garden.

Дизајнирање за флексибилност

Ова едноставно значи дека сè што е внатре во градината, од растенија до мебел, треба да остави впечаток на подвижност и мобилност. Статиката е строго забранета ако сакате вашата градина да изгледа побујна – но дефинирањето никогаш не излегува од мода. Добро е да се знае каде припаѓа цветот, но тоа не значи дека во следниот момент тој не би можел да најде целосно нов агол. Инвестирајте во флексибилен дизајн за да ја одржувате вашата градина заинтересирана во текот на целата година.

Cozy covered sitting area with wicker chairs and swing bench. Northwest, USA

Дајте му шанса на железото

Железниот мебел е добар избор за мали градини бидејќи е визуелно лесен и воздушен. Брзо ќе постигнете класичен „изглед“ без никаков напор, а цврстината и издржливоста се загарантирани. Дополнителна придобивка е што можете да играте со бои во кое било време од годината, така што вашиот градинарски мебел секогаш може да добие нова димензија. И, различноста е таа што ја релаксира атмосферата и создава чувство на ширина и добредојде за кое сонува секоја градина.

Subject: An urban backyard with garden and patio.

Испрати коментар

Scroll To Top