Насловна / Вести / Грција го помести рокот за напуштање на јагленот – од 2028 на 2025 година

Грција го помести рокот за напуштање на јагленот – од 2028 на 2025 година

Термоцентралата „Птолемаида 5“ ќе биде префрлена од јаглен на гас во 2025 година, односно три години порано отколку што беше порвобитно предвидено. Таа постројка би требало да биде последна од овој вид во Грција, бидејќи сите други се веќе планирани за гасење заклучно со 2023 година.  Набрзо откако производителот на електрична енергија Public Power Corp. (PPC), доминантно во државна сопственост, официјално објави дека има намера единствената своја електрана на јаглен веќе во 2025 година да ја трансформира во гасна, од надлежното Министерство потврдија дека Грција се „простува од ерата на јагленот“, порано отколку што било планирано. Од раководството на компанијата велат дека предвременото напуштање на јагленот е поисплатлива опција со оглед на фактот дека ќе се избегнат огромни загуби на име на растечките цени на сертификатите за емитување на јаглерод диоксид и трошоците за конверзија на друго фосилно гориво. Дури и во случај цените на емисионите кредити за CO2 останат исти до 2028 година, PPC би бил обврзан да плати над една милијарда евра. Доколку ЕУ одлучи со крајот на 2025 да престане да финансира проекти на фосилни горива, тогаш и трошоците за конверзија од јаглен на гас бви се зголемиле. Уште еден предизвик се малопродажните цени на топлинската енергија од системите за далечинско греење.

ptol1

Освен тоа, PPC ја продала петгодишната зелена обврзница во вредност од 775 милиони евра со клаузула за перформансите на полето на заштита на животната средина. Државата има удел од 51,1% во оваа компанија. Идејата е „Птолемаида 5“ да биде претворена во систем со комбиниран циклус на гас, кој ќе овозможи подоцна во одреден процент гасот да се супституира со водород. За сите останати централи на јаглен веќе е потврдено да бидат затворени најдоцна до 2023 година.

ptol2

 

Испрати коментар

Scroll To Top