Воведувањето на прекуграничните такси нa емисии на јаглерод диоксид драстично ќе ги промени условите за работење на многу компании кои ќе извезуваат стоки во Европската Унија, а во матичната држава немаат систем за тргување со емисии. Меѓу нив е и Турција, чија влада подготвува студија за влијанието на оваа такса, додека домашните компании веќе пронаоѓаат решенија за зелена енергија. Како и да е, за Турција, но и за земјите од регионот меѓу кои и Македонија нема многу време, бидејќи Европската комисија има намера да го објави предлогот прописи за прекуграничниот механизам за прилагодување на јаглеродот (Carbon Border Adjustment Mechanism – CBAM) до крајот на јуни, а да започне да го применува од 2023 година. Воведувањето на оваа такса би значело огромен финансиски трошок за компаниите, како и затворање на многу погони. Излез од состојбата се националните системи за оданочување на CO2или премин на компаниите на зелена енергија.
За сериозноста на ЕУ во врска со овие прописи, зборува и податокот дека пред месец и половина Европскиот парламент ја усвои резолуцијата со која ја поддржува пекуграничната такса на CO2и бара таа да биде спроведена на широк спектар производи, од рафинерии на нафта, индустрија за стакло, хартија и алуминиум, преку енергетскиот сектор, па до енергетски интензивните индустрии како цемент, челик, хемикалии, ѓубрива. Прекуграничната такса би ја плаќале компаниите на емисиите кои се последица на производниот циклус. Турското здружение за индустрија и бизнис (TUSIAD) неодамна соопшти дека оваа такса би била дополнителен трошок од 1,08 милијарди евра за турскиот производствен сектор. Свесно за трошоците кои и се закануваат на индустријата, споменатото турско здружение и официјално изразило интерес за ускладување на своите политики со стандардите нa ЕУ, поточно со системот за тргување на емисии на ЕУ (EU ETS) и побарало механизам и финансирање кои ќе го олеснат прилагодувањето. Еден од најдобрите начини да се направи тоа е воведување на национален систем слиичен на EU ETS, кој во регионот го има воведено Црна Гора. Таквите системи им овозможуваат на државите, да ги задржат за себе парите од оданочување на CO2 наместо тие да одат во Брисел нa име на прекугранична такса.
Со цел да се анализира воведувањето на прекуграничната такса во Турција, тамошното Министерство за животна средина и урбанизација подготвува студија за проценка на влијанието. Резултатите од студијата, како што соопштува Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), се очекуваат кон средината на годината. ЕБОР му помага на Министерството во подготовката на студијата, со цел да се поттикне расправата за финансиските импликации и предизвици за турските извозници во ЕУ. Се разбира, индустријата не губи време и сама наоѓа решенија. Турските челичарници веќе инвестираат во зелен челик, па прекуграничната такса нема да има значаен ефект на извозот во ЕУ. Во 2020 година, Турција беше еден од лидерите во растот на користењето на обновливи извори на енергија во југоисточна Европа. Минатата година, исто така е забележан најголем годишен раст на капацитетите за зелена енергија.
Со цел да го зајакне интересот за оданочување на CO2 и да допринесе за создавање на услови за развој на домашен пазар на емисии, ЕБОР на Турција и пружа поддршка во изградбата на капацитетите. Програмата Mid-size Sustainable Energy Financing Facility (MidSEFF) Carbon Market Development Support нуди три нивоа на поддршка. Првото е на национално ниво и претставува дијалог за политиките. Програмата поддржува развој на пазарот на CO2во Турција со промовирање на иницијативи кои можат понатаму да го зголемат учеството на приватните актери на националниот и меѓународниот пазар на CO2, вклучувајќи го и советувањето на турската влада за влијанието на прекуграничната такса. Второто е на ниво на банки, и се состои од помош за развивање на услуги на пазарот за CO2, преку проекти за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност кои се финансираат во склоп на MidSEFF.