Насловна / Вести / Астронаутите на НАСА успешно се вратија на Земјата во леталото на Илон Маск

Астронаутите на НАСА успешно се вратија на Земјата во леталото на Илон Маск

Астронаутите безбедно слетаа во Мексиканскиот залив, завршувајќи го првиот комерцијален лет на НАСА до Меѓународната вселенска станица.

Астронаутите Мајкл Хопкинс, Виктор Гловер, Шенон Вокер и Сијоши Ногучи по шест месеци се вратија на Земјата и на 2. мај слетаа во вселенскиот центар на Флорида.

1

Сенаторот Бил Нелсон, администратор за НАСА, на дочекот изјави: „Направивме уште еден неверојатен вселенски лет за Америка и нашите комерцијални и меѓународни партнери. Безбеден, сигурен транспорт до Меѓународната вселенска станица е визијата која НАСА ја имаше кога агенцијата тргна во програмот комерцијални летови“.

Заедничката мисија на НАСА и „SpaceX“ во сопственост на Илон Маск, започна со лансирање на „Фалкон 9“ на 15. ноември 2020 година од вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида.

2

Тимот астронаути пристигна на Меѓународната вселенска станица на 16. ноември, скоро 27 часа по полетувањето.

За време на мисијата, астронаутите се занимаваа со истражувачка работа – од проучување на развојот на протеини во лабораторијата, до демонстрирање технологии на роботски асистенти.

Исто така, одгледуваа култури во објекти за раст на растенија.

4

Астронаутите направиле и стотици слики на Земјата како дел од мисијата.

На почетокот на годината, имаа значајна улога во пет прошетки во вселената надвор од лабораторијата.

3

За време на вселенските прошетки, астронаутите ги поврзаа каблите на неодамна инсталираната научна платформа „Бартоломео“, го сервисираа системот за ладење на станицата и ги завршија другите задачи за одржување на станицата.

Во мисјата минаа вкупно 167 дена, со што го соборија рекордот од 1974 година, кога мисијата на НАСА траела 84 дена.

Испрати коментар

Scroll To Top