Платформата за поддршка на енергетската транзиција во регионите со јаглен на Западен Балкан и Украина, е покрената од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Светската банка, Европскиот колеџ, Секретаријатот на Енергетската заедница, Европската комисија и ладата на Полска. Веќе на првиот состанок на Платформата, договорено е дека ќе се здружат напорите со цел овозможување на премин од јагленот на нискојаглеродна и климатски отпорна иднина во регионот на Западен Балкан и во Украина.
Иницијативата за оваа платформа е покрената уште во септември 2019 година, откако земјите од Западен Балкан с еобврзале да го зголемат уделот на чиста енергија со Заедничката декларација од Подгорица донесена во февруари 2019 година. Украина уште во ноември 2017 година изразила слична желба преку својата Стратегија за развој на ниски емисии до 2050 година. Со Стратегијата на ЕБОР за транзиција кон зелена економија (GET – Green Economy Transition) 2021-2025, поставена е целта за зголемување на зеленото финансирање на Банката на повеќе од половината од нејзиниот годишен обем до 2020 година. додека истовремено се труди да им помогне на земјите во кои работи во изградба на нискојаглеродни економии.
Во согласност со Парискиот договор и GET пристапот, оваа година е покрената иницијативата на ЕБОР за праведна транзиција, со идеја да обезбеди благодетите од транзицијата кон зелената економија да бидат достапни на сите, истовремено штитејќи ги загрозените земји, региони и луѓе. Таа се базира на експертизата на ЕБОР за вложувања во зелена економија со фокус на економска инклузија.