Малиот хеликоптер Ingenuity, кој во склоп на мисијата Persevirans го направи својот прв и за човештвото историски лет на Марс, продолжува да ги радува научниците.
За време на својот прв лет, кој траеше само 40 секунди, успеа да ја направи и првата фотографија од воздух во боја на површината на Марс и да им ја испрати на научниците.
Во моментот на фотографирање, Ingenuity лебдел на висина од 5,2 метри и се подготвувал да лета напред. Затоа, тој успеа да ги фати својата сенка и трагите на роверот на површината на Марс.
Од НАСА посочуваат дека оваа фотографија покажала колку е потенцијално важен овој начин на преглед на теренот за идните истражувања и мисии, бидејќи им овозможува на научниците полесно да го препознаат теренот и да го испланираат движењето на роботски возила. Ова е особено важно кога станува збор за теренот кој се состои од комбинација на остри карпи и песок, што може да биде проблематично за движењето на возилото.