Насловна / Архитектура / Се отвора првата деловна зграда на Норман Фостер во Русија

Се отвора првата деловна зграда на Норман Фостер во Русија

Една од водечките светски производители на бакар, компанијата RCC, се пресели во нова зграда во Екатеринбург, а познатото биро се потруди зградата да биде препознатлива на прв поглед.

Rusija

Новата зграда, со својата форма, конструкција и организација, поставува нови стандарди во квалитетот, удобноста и флексибилноста на деловните згради, а самата зграда од 15 ката е приказна само по себе.

Rusija1

Иновативните модуларни канцелариски единици се сместени во енергетски ефикасен првокласен објект од 18.450 квадратни метри. Фасадата е, секако, инспирирана од бакар, како и од триаголен облик што ја изведува симболиката од хемиската структура на овој благороден материјал, велат од Foster + Partners.

Rusija2

Круната на зградата е интегрираното ново лого на компанијата RCC, кое е инспирирано од архитектурата на оваа зграда. Бакарните панели се наредени на фасадата во триаголна форма, така што светлината на нив се рефлектира под различен агол, што го подобрува целокупниот впечаток.

Појдовната точка за дизајнирање канцелариски простор се засновал на создавање „куќа за вработените“, па наместо вообичаените големи работни простори, може да се видат помали простории, дизајнирани да дадат домашна атмосфера.

Rusija3

Консултантската група, во соработка со архитектите, го анализирале бизнисот на нивните клиенти и заедно дизајнирале иновативен модуларен систем за овие простории. Тогаш инженерските тимови понатаму го развиле системот за да овозможат брза изградба и да обезбедат идеално ниво на природна светлина за продуктивна работа.

Rusija4

Добиени се двокатни модули, каде што секоја има пар канцеларии, кои се наоѓаат во системот една над друга, што се рефлектира на нивото на надворешноста преку двоспратно модуларно обложување на фасадата.

Модулите се организирани во редови, од двете страни на централниот ходник, кој првенствено функционира како циркулирачки простор, а исто така содржи и дневна соба со поглед на градот преку застаклена врата на лифтот.

Rusija5

На самиот врв на зградата, на петнаесеттиот кат, има флексибилен простор, предвиден за разни собири на вработените во компанијата, како и за организирање настани.

Rusija6

Преку проектот за градење на претставништвото на RCC, Foster + Partners се стремеле кон добивање на рејтинг BREEAM Excellent. Со оглед на тоа дека температурите во Екатеринбург многу варираат, честопати од + 30 ° C до -30 ° C, утврдената рамнотежа на стакло и бакарни фасадни панели е дизајнирана за ефикасно користење на ниско зимско сончево зрачење, истовремено ублажувајќи ја прекумерната топлина како резултат на директна сончева светлина во текот на летото.

Rusija8

Зградата нуди прекрасен поглед кон градот, како и неодамна уредениот брег на реката, од каде зелените површини водат кон самата зграда, каде што се отвора градина. Во рамките на зградата, има и голем број „надворешни простории“ кои обезбедуваат тивки агли за одмор и вечера на вработените.

Rusija9

Испрати коментар

Scroll To Top