Насловна / Вести / Словенечкиот премиер го пушти во работа суперкомпјутерот Vega

Словенечкиот премиер го пушти во работа суперкомпјутерот Vega

Со симболично притискање на црвено копче, словенечкиот премиер Јанез Јанша го стартуваше суперкомпјутерот Vega, проект вреден 17,2 милиони евра, а во најголем дел кофинансиран со европски средства. Суперкомпјутерот е поставен во просториите на Институтот за информатички науки во Марибор, а наречен е по словенечкиот математичар Јуриј Вега. Станува збор за еден од најсилните суперкомпјутери во светот, кој има за цел да им случи на домашните и европските научници.

jansa1

vega2

Во моментот, во светот само 13 држави во светот имаат суперкомпјутери. Тие ќе им овозможат на европските мали и средни претпријатија влез во високотехнолошка економска иднина. Уште поважно, особено во контекст на актуелната криза е дека овие суперкомпјутери во иднина ќе дадат силна поддршка на полето на вештачката интелигенција и ќе ја забрзаат идентификацијата на молекули за нови лекови, но и ќе го олеснат следењето на заразата со корона вирус.

jansa2

 

Испрати коментар

Scroll To Top