Насловна / Вести / Heineken се обврза за нулта емисија на јаглерод диоксид до 2040 година

Heineken се обврза за нулта емисија на јаглерод диоксид до 2040 година

Компанијата Heineken се обврза за остварување на нулта емисија на јаглерод диоксид во своето производство до 2030 година, а до 2040 година тоа ќе биде случај со целокупниот вредносен синџир. Ова е прв во низата амбициозни чекори во склоп на стратегијата за одржливо работење на компанијата, под името „Создаваме подобар свет“, а која претставува важен дел од целокупната бизнис стратегија Evergreen фокусирана на избалансиран раст на компанијата.

heineken1

Компанијата има план да ја оствари својата цел преку понатамошно намалување на емисијата на стакленички гасови низ сет мерки од областа на енергетската ефикасност и премин на обновливи извори на енергија. Моментално голем дел од јаглеродниот отпечаток на компанијата потекнува од процесите во склоп на земјоделските активности, пакувањето, дистрибуцијата и ладењето. Затоа, компанијата ќе соработува со своите добавувачи и партнери, со цел постигнување на вредносен синџир целосно ослободен од емисии на стакленички гасови до 2040 година.

heineken2

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top