Насловна / Вести / Започнува чистењето на орбитата на Земјата од вселенски отпад

Започнува чистењето на орбитата на Земјата од вселенски отпад

Во орбитата на Земјата е насобрана огромна количина отпад, па наскоро ќе се започне со мисија за чистење. За најголем дел од овој отпад се одговорни САД и Русија, а станува збор за разновиден отпад: расипани сателити, делови од искористени ракети, разни инструменти кои ги изгубиле астронаутите и сл. Дури 95% од овој отпад е директна последица на човековата активност и неодговорност. Според податоците од 2017 година, Русија е одговорна за 6.515 објекти, додека САД за 6.211. Третото место оди кај Кина со 3.839, а следуваат Франција со 547, Јапонија со 266 и Индија со 2020. Јасно е дека вселенскиот отпад е сериозен проблем, и затоа е испланирана мисијата  End-of-Life Services By Astroscale (ELSA) која има за цел чистење на орбитата. За таа работа се ангажирани две летала – сателит сервисер тежок 175kg и клиентски сателит тежок 17kg. Сервисерот е развиен така што на најсигурен начин го отстранува отпадот од орбитата, а поседува технологија и магнетен систем за спојување. Мисијата ќе трае околу шест месеци. Вселенскиот отпад е голем проблем бидејќи се движи со голема брзина и може да ги оштети вселенските летала. Тој претставува сериозен ризик и за Меѓународната вселенска станица.

elsa2

elsa1

 

Испрати коментар

Scroll To Top