Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган преку видеоконференција свечено го пушти во сообраќај новиот мост на реката Тигар. Станува збор за мост кој ги поврзува градовите Батман и Мидијат, а воедно претставува и решеие за премин на браната во тој регион. Со ова сообраќајно решение се намалува претходната делница од 162 километри за повеќе од 10 пати, односно на само 15km. Мостот е долг 1.001 метар, и е еден од најдолгите мостови на подрачјето на Турција. Изграден е согласно стандардите за автопат, а содржи и премин за пешаци. Максималната височина на мостот е 90 метри и има максимален распон од 168 метри.