Насловна / Вести / Дрвото како основа за „Новиот европски Bauhaus“

Дрвото како основа за „Новиот европски Bauhaus“

Минатата недела се одржа виртуелната конференција Wood4Bauhaus, а една од темите беше фокусирана на начините на делување на дрвниот сектор во проектот „Нов европски Bauhaus“. Професорот Hans-Joachim Schellnhuber од потсдамскиот институт за истражување на влијанието на климата во Германија, изнесе силна порака за климатските промени и ја нагласи важноста на употребата на дрвото во изградено опкружување. „Дрвото можеме да го претвориме во градежен материјал во изградено опкружување, да се рециклира, и сл, со истовремено повторно засадување на дрвјата кои се исечени, како и зголемување на површината под шима. На тој начин се добива нешто што јас го нарекувам „шумарско-градежна пумпа“, подвлече професорот. Инаку, професорот Schellnhuber е препознаен како организатор на оваа иницијатива на претседателката на Комисијата за „Нов европски Bauhaus“. „Новиот европски Bauhaus е проект на надежта, проект на опоравувањето. Во рамките на тој проект опоравувањето може да биде подеднакво убаво и вредно како и кај новите градби. Имајќи го ова во предвид, да ги претвориме нашите градови во урбани шуми“, се надоврзува со своето излагање Ruth Reichstein од Европската Комисија.

bauhaus1

Увозот на дрво во ЕУ во текот на 2017 година бил одговорен за 16% од дефорестацијата која се поврзува со меѓународната трговија, што ја рангира ЕУ на второро место во светот по одговорноста за „сечење на шумите заради увоз“, после Кина. Според податоците на WWF за 2017 година, ЕУ индиректно придонела за исчезнување на 203.000 хектари тропски шуми, кои с епретворени во земјоделско земјиште.

bauhaus2

Испрати коментар

Scroll To Top