Насловна / Архитектура / Спирална стаклена кула ново седиште на Амазон

Спирална стаклена кула ново седиште на Амазон

Спирална стаклена кула со дрвја и пешачки патеки ќе стане новото седиште на Амазон во американската држава Вирџинија. Кулата наречена Helix ќе биде една од трите деловни згради кои ќе бидат дел од комплексот Амазон HQ2.

a1

Зградата е проектирана од архитектонското биро NBBJ, кое исто така проектирало сферична стаклена градина за седиштето на Амазон во Сиетл.

Зелени оази на и во зградата

Проектот на зградата Helix е инспириран од желбата на инвеститорите да создадат средина која позитивно влијае на здравјето. Затоа, на зградата ќе има патеки што ќе ја следат спиралната форма на градбата и ќе им овозможат на вработените да шетаат пеш до врвот опкружени со бујно зеленило.

a4

Покрај зелените патеки, деловната зграда од 260.000 квадратни метри ќе содржи и затворени градини и центар за настани во кој можат да примат 1.500 луѓе. Вработените ИТ инженери, аналитичари и правници исто така ќе имаат пристап до дневни центри за ќување деца и животни, како и социјални центри.

a2

Продавници, ресторани, како и зелени површини, ќе се наоѓаат на плоштадот пред спиралната зграда. Зградата и нејзините зелени градини ќе бидат достапни за јавноста за одредени викенди.

Еколошки сертификат

Архитектонското биро NBBJ планира овој проект да ги исполни сите потребни услови за добивање на еколошки сертификат Gold LEED. Комплексот ќе се напојува целосно од обновлив извор на енергија од соларна фарма во округот Питсилванија, а зелените површини ќе се наводнуваат со дождовница.

a5

Паркингот со 950 велосипеди за вработените ќе биде поврзано со заштитени патеки за возење. Во рамките на комплексот ќе има и станица за полнење на електрични автомобили.

Изградбата на комплексот е планирана за 2022 година.

a3

Испрати коментар

Scroll To Top