Наречен Unfolding Apartment, овој мал стан на Менхетн, Њујорк, користи паметни решенија за складирање, повеќе функционалност во парче мебел. Ентериерот на станот е дизајниран од Michael K Chen Architecture, а сопственикот е самец кој повремено работи од дома и често се забавува и пречекува гости.
Со оглед на ограничениот простор од 37 квадратни метри, просториите требало да бидат повеќе функционални, каде што е тоа можно и колку е можно повеќе.
Главниот дизајн е содржан во една единица мебел, покрак ѕидот е вметнат голем плакар. Синиот плакар содржи бројни елементи, вклучувајчи работна маса, столица, простор за гардеробирање, кујнска батерија, библиотека. Плакарот е полн со функционални компоненти на поголем стан.
Кога ќе се спакуваат, отворениот простор е транспарентен. Но, просторите во станот можат прогресивно и да се прошират и прилагодат со низа врати и панели кои можат да се конфигурираат и поместуваат, создавајќи поединечни простори и трансформирајќи ги за различни намени.
Просторите можат да се прилагодат да бидат приватни или јавни со помош на рефлектирачки секундарни панели кои се отвараат и откриваат метална мрежа. Расветата е прицврстена на врвот на плакарот, пружајќи рамномерно осветлување без видливи светлечки тела.
Во овој мал стан, наместо типичен менхетнски пристап на делење на малиот простор во уште помали поединечни соби се користи стратегија на флексибилност.