Француската компанија, Trone Paris, одлучи да го освежи изгледот на бањите со допири на боја, претворајќи ги во модерна и стилска околина.
Всушност, брендот одлучи да го редизајнира изгледот на конвенционалната тоалетна шолја во соработка со дизајнери, инженери и занаетчии и да ја претвори во посакувани парчиња елегантно искуство. Throne има за цел креирање исклучителна удобност, хигиена и дизајн.
Тоалтента шолја наречена Callipyge доаѓа од грчкиот збор kállos, „убавина“ и pugé, „задник“, што значи „убав задник“. Формата и е наклонета на античка Грција, боите и завршниот изглед ја прават шолјата пожелен предмет. Обесена на ѕидот Callipyge е со керамички слој на три нивоа со што создава интеракција со сенките, даската е дрвена, а асоцијацијата е седење во античките театри, носејќи структура и скулптурална сила.