Насловна / Вести / Топлиноизменувач од 3D принтер

Топлиноизменувач од 3D принтер

Германските научници разработиле интересно решение за изработка на топлиноизменувач со адитивна технологија, па сега на потег е индустријата за тоа да се реализира. Во проектот под раководство на Институтот Фраунхофер за алатни машини и технологии  (IWU) од Дрезден е развиено адитивно производство на мини топлиноизмернувач, што значи дека уредот сега може да се „испринта“ со тродимензионален принтер. Германските научници ја повикуваат индустријата да се продолжи со проектот, со цел таквото производство да може да се комерцијализира. Имено, целта на истражувањата во склоп на проектот AutoHeat била токму да се истражи кои се можностите за адитивно производство на такви производи, со цел тоа да се стандардизира и пушти на пазарот. Проектот траел две години, а кофинансиран е од германската иновациска програма Agent-3D. Се очекува дека ваквите мини топлиноизменувачи би можеле да се користат во термотехничката опрема и уреди, односно во системите за греење, ладење, вентилација и климатизација. Но, на овие прашања сега треба да одговори индустријата.

AutoHeat1

autoheat3

Испрати коментар

Scroll To Top