Веќе еден месец вниманието на граѓаните на Сараево го привлекува параванот поставен наспроти Народниот театар, на истото место на кое во текот на опсадата на Сараево бил поставен импровизиран штит во облик на голем параван кои ги штител луѓето кои морале да поминат низ овој дел од градот, односно помеѓу зградите на Поштата и ЗОИ ’84. Станува збор за уметничката инсталација Šav дело на младата Amina Avdić, која е дел од изложбата Roses are red.
Во внатрешната поставка на изложбата Vernesa Berbo, глумица од БиХ која живее во Берлин, мелодиски ја изведува севдалинката Ružo moja, со што инсталацијата добива уште еден елемент – звук. На параванот се испишани неколку изјави на театарски работници од периодот на опсадата на Сараево, кои ни војната не ги спречила да продолжат со работа, а кои авторката Hana Bajrović ги сублимирала во книгата Teatar pod opsadom.
Иако инспирирана со приказната и времето кое е зад нас, оваа инсталација кореспондира и со актуелната ситуација, а Amina Avdić смета дека ситуацијата предизвикана со пандемијата COVID-19 во извесна смисла е исто така „воена“. Roses are red е нејзина прва самостојна изложба, со која низ елементите на изложените инсталации ќе ја претстави својата лична исповест. Преставена е со плакат на кој името на изложбата е испишано на грбот на авторката во вид на лузна.