Насловна / Вести / Преговорите за изградба нa брaната на Нил во ќорсокоак

Преговорите за изградба нa брaната на Нил во ќорсокоак

Египетскиот претседател Ел Сиси  ја предупреди Етиопија дека повеќе нема да ги толерира потезите на оваа држава кои би го намалиле уделот на Египет во користењето на водата од реката Нил. Ова предупредување, кое е второ за нешто повеќе од една седмица, следува откако во текот на последната рунда разговори помеѓу Египет, Етиопија и Судан за поделба на водата не е постигнат напредок. Претседателот Ел Сиси рекол дека „сите можности се отворени“ доколку се „чепка во уделот на Египет“ и ја повикал Адис Абеба да соработува со Каиро и Картуум, со цел да се избегне судир.

dam1

Минатата седмица Ел Сиси предупреди на регионална „незамислива нестабилност“ до која би можело да дојде без правно обврзувачка спогодба за експлоатација на браната, базирана на меѓународните закони и норми кои ги регулираат прекуграничните реки. Суданскиот министер за наводнување се согласил со тоа и рекол дека Судан и Египет би можеле да го изнесат овој спор пред Советот за безбедност на Обединетите Нации и ја повикал меѓународната заедница да помогне „пред да биде предоцна“. Од Етиопија не го коментирале предупредувањето.

dam2

Трите држави се наоѓаат во ќорсокак во долгогодишниот спор околу гигантската брана која Адис Абеба ја гради на главната притока на реката Нил. Египет и Судан тврдат дека планот на Етиопија да додаде 13,5 милијарди кубни метри вода во 2021 година, во резервоарот на браната на Синиот Нил, претставува закана. Египет, кој повеќе од 90% од своите залихи на вода ги базира на реката Нил, се плаши од разорно влијание доколку браната функционира без да се земат во предвид потребите на земјата. Етиопија пак наведува дека браната е од суштинска важност за земта бидејќи на мнозинството жители им недостасува електрична енергија. Синиот Нил се спојува со Белиот Нил во Картуум, од каде Нил продолжува кон Средоземното море.

ETHIOPIA-EGYPT-SUDAN-ECONOMY-ELECTRICITY-POLITICS

 

Испрати коментар

Scroll To Top