Насловна / Вести / Ќе започне изградбата на каналот кој ги поврзува Црното и Марморното море

Ќе започне изградбата на каналот кој ги поврзува Црното и Марморното море

Турција наскоро ќе објави тендер за изградба на огромен канал на периферијата на Истанбул и ќе ги постави темелите на каналот на лето, изјави турскиот претседател Ердоган.

Плановите за создавање на т.н. втор Босфор беа подготвени во 2011 година и конечно беа одобрени минатиот месец. Преминот од 45 километри треба да биде изграден западно од природниот воден пат за да се ублажи густиот сообраќај и да се намали ризикот од несреќи на постојноиот мореуз.

тт_resize

Проектот „Канал Истанбул” ќе ги поврзува Црното и Мраморното море, а се проценува дека ќе чини околу 9,2 милијарди долари.

Турската влада тврди дека новоизградениот канал ќе го олесни сообраќајот на Босфор и ќе спречи несреќи, додека критичарите велат дека тоа ќе предизвика хаос во животната средина и ќе ги загади изворите на слатка вода.

Минатомесечното одобрување за развој на бродски канал во Истанбул, сличнен  на Панамскиот или Суецкиот, предизвика дебата за Договорот од Монтре од 1936 година.

тр2_resize

Поминувањето низ Босфор и Дарданелите, кое го контролира Турција, регулирано е со конвенција која е усвоена во Монтре на 20 јули 1936 година.

Во Турција е објавено отвореното писмо потпишано од над 100 пензионирани адмирали кои предупредуваат на можна закана за договорот со кој се регулира користењето на клучните водени патишта на земјата.

„Фактот дека е отворена дебата за повлекување од договорот со Монтре како дел од разговорите за изградба на Истанбулскиот канал (кој треба да го премести сообраќајот преку Босфор и Дарданелите) беше дочекан со загриженост. Сметаме дека е неопходно да се воздржиме од разговори за повлекување од договорот од Монтре“, се наведува во писмото на адмиралите.

Ибрахим Калин, претставник на турскиот претседател, оцени дека изјавата на пензионираните адмирали евоцира период на „воени удари“ и правии да изгледаат „смешно и патетично“, пишува Ал Џезеира.

Во реакцијата на турското Министерство за одбрана се вели дека вооружените сили не можат да се користат „како алатка за алчноста, амбициите и личните цели на оние кои немаат никакви должности и одговорности“.

тр3_resize

Турските власти инсистираат на тоа дека Конвенцијата од Монтре од 1936 година нема да се однесува на новиот канал. Во теорија, тоа значи дека Турција може да го контролира тој канал, да заработи на него и да дозволи минување на кои сака бродови, вклучително и американски воени бродови, за ефективно да ги милитаризираат водите каде доминира Русија.

****

Минувањето низ Босфор и Дарданелите регулирано е во Конвенцијата од Монтре. Во време на мир, сите трговски бродови уживаат слободна пловидба. Воените бродови, оние поголемите, можат да поминуваат, но според одредена постапка, нивното пристигнување мора да биде објавено однапред осум до 14 дена. Конвенцијата прави разлика помеѓу крајбрежните земји и оние кои не излегуваат на Црно море. Во време на војна или опасност од војна, Турција може да пропише посебен режим за воени бродови низ мореузите кои ги одделуваат Европа и Азија. Ревизија на конвенцијата може да се изврши, како што е договорено во Монтре, на крајот на секоја втора декада.

тр4_resize

Воените бродови на земјите надвор од регионот на Црното Море можат да останат во тоа затворено море најмногу 21 ден, а нивниот влез и излез преку мореузите ги контролира Анкара. Конвенцијата од Монтре ја потпишале Турција, Грција, Романија, СССР, Велика Британија, Франција, Јапонија, Кралството Југославија… САД не биле заинтересирани за тој договор во тоа време и не учествувале во донесувањето на конвенцијата.

Испрати коментар

Scroll To Top