Насловна / Вести / Xiaomi инвестира десет милијарди долари во електрични автомобили

Xiaomi инвестира десет милијарди долари во електрични автомобили

Кинеската технолошка компанија  Xiaomi  најави дека ќе инвестира десет милијарди долари во развој на електрични автомобили. Директорот на компанијата соопштува дека инвестицијата ќе биде реализирана во текот на наредните десет години. Исто така, истакнал дека Xiaomi има најопсежно искуство во интеграцијата на хардверот и софтверот. „Покрај тоа располагаме и со паметен екосистем и сериозни финансиски ресурси, кои и овозможуваат на компанијата да инвестира во овој сектор со огромна самодоверба“ порачал првиот човек на Xiaomi.

Најавата за оваа нова голема онвестиција на  Xiaomi, доаѓа само два дена откако кинеската компанија го отвори својот нов производствен погон во Истанбул. Таа фабрика во Турција ќе вработува 2000 работници и годишно ќе произведува 5 милиони паметни телефони. Xiaomi има свои производни погони и во Кина, Индонезија и Индија.

 

xiaomi1

xiaomi2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top