Насловна / Архитектура / Мистериозно село на богатите кое никој не смее да го напушти (видео)

Мистериозно село на богатите кое никој не смее да го напушти (видео)

Пред 30 години, ова село беше само едно од сиромашните кинески села, со население од околу 600 жители. Како кинеското Хуакси од сиромашно село дошло до својот луксуз кој го опкружува, сè уште е обвиткано со вел тајна. Жителите не зборуваат за своето богатство и тоа се смета за тајна, а пристапот на медиумите е прилично ограничен.

2

Кинеското село Хуакси, кое се наоѓа во провинцијата Jiangsu, оправдано се нарекува „Село на богатите“. Облакодер од 72 ката, хеликоптери на небото, тематски парк и луксузни вили се само некои од работите присутни во ова, најнеобично село на светот.

Секој од двете илјади жители, колку што официјално живеат овде, има повеќе од 143 илјади долари на сметка во банка и живее во вила. Всушност, сите тие живеат во целосно идентични вили.

3

Но, има услов. Ако го напуштите селото и одлучите да се преселите на некое друго место, ќе изгубите сè што имате на вашата сметка во банка и, се разбира, вилата, па поради тоа правило, речиси никој не смее да го напушти златното село затоа што ќе остане без ништо и ќе заврши на улица.

Да споменеме и дека повеќето жители работат седум дена во неделата, па се поставува прашањето каде и кога можат да ги потрошат сите тие пари? Очигледно само во Хуакси.

Пред 30 години, ова село беше само едно од сиромашните кинески села, но тогаш висок партиски функционер, Vu Renbao, разработил план кој требал да донесе просперитет на селото. Наскоро основал неколку компании и од сиромашните направил богаташи.

Медиумите се заинтересираа за Хуакси во 2004 година, кога беше објавено дека жител на селото заработува просечно околу 18 илјади долари годишно, што е значително поголема сума отколку што можете да заработите во другите кинески провинции.

1

За да ја покажат силата на селото, во 2011 година властите изградија облакодер на 72 ката, за чија изградба беа потрошени 430 милиони долари. Висината на облакодерот е 328 метри, што е, на пример, четири метри повисоко од Ајфеловата кула.

4

Селото има и транспортно претпријатие, но, како што би очекувале, не сообраќа по копно, туку по небо. Имено, за превоз на жители се користи хеликоптер, па така жителите можат да бидат во околните градови за само десетина минути.

5

Тука е и голем тематски парк со реплики на познати градби како што се Кинескиот ѕид и Забранетиот град. Сепак, клубови и барови не постојат, па на крајот се поставува прашањето каков е навистина животот во ова богато, мистериозно село.

Испрати коментар

Scroll To Top