Неизвесна е судбината на еден од најголемите енергетски проекти во БиХ, третиот блок на термоцентралата Угљевик. Се работи за нереално висока цена за експропријација на земјиштето на идниот коп, но и големата длабочина на која се наоѓаат резервите на јаглен.
Овие параметри сериозно ја поскапуваат цената по произведен тон јаглен, а со тоа и цената на произведената електрична енергија во термоцентралата. Сепак, варијантите во врска со проектот и натаму се анализираат, при што сериозно се смета и на опцијата за јамска експлоатација.