Наскоро конечно ќе ни дојде убаво и топло време – време е по студената зимска пауза да се вратиме на градинарството.
Со цел вашата градина да биде цветна и шарена се до есен, препорачуваме да ги засадите овие три растенија. Тие цветаат раскошно и долго, не бараат прекумерна грижа, а април е вистинското време за нивно садење.
Ден и ноќ
Денот и ноќта често се садат за време на есента, но и април е погоден за садење на ова прекрасно растение. Ден и ноќ припаѓа на семејството на темјанушки, па затоа често се нарекува полска темјанушка. Цветовите се обично големи, виолетови, со примеси на бела или жолта боја.
Се карактеризираат со исклучителна разновидност на големини и бои на цвеќиња.
Можат да бидат едногодишно или двегодишно растение, во зависност од тоа кога е засадено. Најлесно се размножува со семе, а може да го засадите или во саксија или во двор.
Доколку се определите за варијанта во саксии, треба да ја наполните саксијата со две третини земја, а потоа во неа да ставите пет семиња и да ги покриете со земја.
Цинија
Цинијата е едногодишно растение кое потекнува од Америка и Мексико, а има дваесетина основни видови од кои со вкрстување настанале многу нови вариетети.
Цветот на цинијата е многу издржлив, а стеблото е цврсто, па високите видови може да се користат и како режано цвеќе.
Треба да се сади на сончево место во земја збогатена со компост. Се сее на топло на почетокот на пролетта. Земјата редовно се полива, а набрзо, за шест до осум недели ќе процвета и ќе цвета се до октомври.
Џунџуле
Џунџулето претставува род на растенија во фамилијата главоцветни (Asteraceae). Ова цвеќе се сее во рана пролет и е отпорно на сите временски услови. Кога растението ќе порасне 7 до 10 сантиметри, треба да се расади на постојано место каде што ќе остане цело лето. Растојанието помеѓу растенијата треба да биде околу 25 сантиметри.
За време на растот, треба редовно да се полева и ѓубри. Може да биде различна висина, но најчесто достигнува висина од околу дваесет сантиметри.
Процветаните цветови треба редовно да се отстрануваат. Џунџулето е едногодишно растение, но семето можете да го зачувате за следната година.