Стара куќа од 1850 година е претворена во уникатна зграда украсена со комбинација на рурална архитектура и модерна декорација со привлечни и уникатни парчиња мебел.
Шармантниот средновековен град Палс се наоѓа на само неколку километри од Коста Брава во Шпанија. Во оваа волшебна околина, привремена куќа од средината на 19 век претрпе неверојатно обновување.
Архитектката Глорија Дуран Торелас е одговорна за новиот изглед на куќата, која ги усогласува минатото и сегашноста на ентериер кој го одзема здивот на совршен начин.
Во секоја соба од домот, се гледа силната желба на архитектот да ги задржи архитектонските и структурните детали типични за старите селски куќи, во рамките на ентериерот што ја комбинира традицијата со модерните парчиња мебел и осветлување. Токму оваа хармонична мешавина од старо и ново и дава на селската куќа во Палс неодолив шарм и убавина.
Светлиот и привлечен простор за живеење се простира на околу 800 квадратни метри, распределен на две нивоа од куќата. Отворениот простор е еден од главните концепти за дизајн, така што внатрешноста на куќата е поделена само кога е потребно.
Идејата за отвореност и врска ги надминува границите на ентериерот благодарение на бројните површини на прозорците што ја замаглуваат границата помеѓу внатрешниот и надворешниот простор. Пространата дневна соба нуди поглед кон дворот, кој зафаќа импресивни 26 илјади квадратни метри.
Просторот за дружење во дневната соба е врамен со удобни модуларни софи, нежни линии и бои.
Рачно плетените шпански ган теписи носат посебен шарм низ спокојството на шарите и боите и ненаметливо ја истакнуваат убавината на просторот.
Елементите што го носат шармот на минатото оставаат силен белег на просторот: ѕидови направени од изложен камен, високи тавани со видливи греди. Старите алатки, некогаш користени секој ден, сега украсуваат sидови како уметнички дела.
Ѕидовите на првиот кат се отстранети, а просторот е визуелно поврзан со просторот за живеење на приземјето. Наместо класични sидови, сега има големи стаклени панели. Овој простор сега е апартман со делови за спиење, дружење и бања.
Архитектката, чија специјалност е реновирање на стари куќи, уште еднаш покажува дека се раѓаат најубавите ентериери ако се почитува традицијата, а успехот на нејзиниот проект го потврди и реномираниот архитектонски портал Archilovers, прогласувајќи го за Најдобар проект за 2017 година.