Во Светскиот економски форум (WEF), издвоиле шест факти кои укажуваат на тоа колку Суецкиот канал е важен за целиот свет. Да потсетиме, каналот беше блокиран за сообраќај седум дена. WEF ги издвојува следните важни факти за Суецкиот канал:
1. Преку овој канал се извршува 12% од глобалната трговија
2. Со каналот изграден во 1869 година, значително се скратило времето за патување со брод – скратен пат за морепловците
3. Пред изградба нa каналот се патувало илјадници километри подолго околу Африка
4. Таквото патување било подолго за цели седум денови
5. Суецкиот канал е долг 190 километри и широк 313 метри
6. Патувањето низ каналот трае од 12 до 16 часа, а дневно во просек го минуваат 52 бродови.
Овие факти укажуваат на тоа колку проблеми создаде седумдневната блокада на каналот, откако над 200.000 тони тешкиот брод на компанијата Evergreen се заглави во каналот. Причината за тоа биле исклучително силните удари на ветрот, а екипажите на стотина бродови во долга колона чекале на деблокада на каналот.