Насловна / Вести / Акција за пошумување на опожарени површини на Осоговските Планини

Акција за пошумување на опожарени површини на Осоговските Планини

Општина Кочани во соработка со ЈП „Национални шуми“ и Комуналното претпријатие „Водовод“ реализараше акција за пошумување на дел од Осоговските Планини.

DSC_5690

Три илјади садници багрем се засадени во местото викано Етимија, на површина која во август 2019 година настрада во голем шумски пожар.

“По препорака на стручните лица од Национални шуми решивме наместо бор да засадиме багрем, затоа што изминатите неколку децении на оваа надморска височина имаме огромен проблем со боровиот четник кој ја уништува зимзелената “, велат од Општина Кочани и додаваа дека освен еколошкиот ефект од обновувањето на шумскиот појас, една од целите е и да се направи природна заштита против нелегалното исфрлање отпад и создавањето диви депонии.

DSC_5693

Во пролетната акција за озеленување на Кочани засадени се 3.500 садници, во градската средина и на планинските падини.

DSC_5714

Испрати коментар

Scroll To Top