Тулата е карактеристичен дел од архитектурата на историскиот дел на Њујорк – Трибека, каде архитектите од бирото System Architects создадоа фасада од релјефна тула на реновиран објект за четиричлено семејство. Уникатниот дизајн ја споил дигиталната технологија и локалната традиција и создаде нов вид урбана семејна куќа.
Необичната зграда во њујоршката четврт симболично е именувана како „The Unhistoric Townhouse“- Неисториска градска куќа. Петкатниот објект, меѓутоа, зафаќа само една просторија во длабочина, додека во најширокиот дел е свртен кон улицата.
При реновирањето на поранешната индустриска зграда, архитектите го прифатиле нејзиниот однос со урбаното опкружување како главна тема на проектот. Така е креирана фасада која го следи ритамот на околните згради, но истовремено обезбедува штит и прибежиште за семејството од надворешниот свет.
Комплексната геометрија на фасадата се рефлектира и во ентериерот, па минувачите може да претпостават како изгледа просторот оформен со единствени ѕидови.
Фасадата е проектирана да внесе што повеќе природна светлина од исток и запад во стан кој е ориентиран кон север. Благодарение на прозорците кои не се директно насочени кон соседните згради, фасадата пружа и поголема приватност на станарите.
Нудејќи простор за седење, полици, па дури и камин, фасадата станува нераскинлив дел од ентериерот.
Четири балкони им нудат дополнителен корисен простор на станарите, додека нивните перфорирани огради претставуваат еден од највпечатливите елементи на екстериерот.