Оваа година, цветот на цреша во Кјото процвета на 26 март, што е најраниот датум на цветање откако тоа се бележи во овој јапонски град.
Традицијата за евидентирање на точниот датум на цветање на цветот на црешата, весникот на пролетта во Јапонија и симболот на минливоста на животот, датира уште од 812 година.
Оттогаш, жителите на Кјото со години го бележат овој датум, а податоците што ги собраа ни дадоа увид како климатските промени и глобалното затоплување влијаеа на промената на времето на цветање. Имено, судејќи според споменатите податоци, цветот на црешата сега цвета во просек околу девет дена порано во однос на почетокот на дваесеттиот век, пишува сајтот Klima101.
Овој долг период на следење на цветањето го отсликува порастот на локалната температура со текот на времето, поврзано со процесот на урбанизација и глобалното затоплување. Последицата, која ни дава само еден од примерите за влијанието на климатските промени врз живиот свет, е дека сега црешата сега цвета порано од било кога што цветала во претходните 1200 години.