Се проценува дека европските цени на електричната енергија ќе се задржат на монемталното ниво до 2023 година, а потоа ќе опаѓаат, констатира S&P Global Platts Analytics. Од 2024 година се предвидува пад на цените, бидејќи со зголемувањето на уделот на обновливите извори на енергија ќе се компензира затворањето на нуклеарките и термоцентралите на јаглен, а се смета и на пад на цената на природниот гас.
Во новата петгодишна прогноза, Platts Analytics наведува дека годишните просечни цени на енергијата ќе достигнат максимум во 2023 година, а се смета и на голем раст на произведената енергија од ветер и Сонце за 50% до 2026 година. Хибридните капацитети од ветер и фотоволтаици ќе се зголемат за 178 GW до 2026 година во Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Шпанија, како и во Португалија, Австрија, Швајцарија, Белгија и Хландија.
Нуклеарните капацитети во Европа би требало да се намалат за 17 GW во однос на 2020 година, додека капацитетите на термоцентралите на јаглен за дури за 29 GW.