Француската компанија Voltalia е избрана да ја изгради фотоволтаичната електрана во општината Драч, во западниот дел на Албанија. Инвеститорот понудил да ја продава произведената електрична енергија за 28,89€/MWh. Спогодбата важи за 70% од капацитетот на постројката. На аукцијата учествувале пет компании и конзорциуми, а Voltalia дала најдобра понуда. Француската компанија веќе го доби договорот за фотоволтаичниот систем Karavasta. Фиксната тарифа ќе важи 15 години, а енергијата која ќе биде произведена во остатокот од погонот неопфатен со договорот, соларниот парк Spitalle ќе ја продава по пазарни услови преку билатерални аранжмани или корпоративни договори за откуп на електрична енергија – PPA. Максималното ниво владата го постави на 55€/MWh, а понудувачите во оваа постапка излегоа со најниските цени кои можеле да си ги дозволат.
Локацијата Spitalle се простира на површина од 121 хектар. Министерката Белинда Балуку ги пофалила консултантите од Европската банка за обнова и развој, за нивната помош во организарањето на аукцијата. Рекла дека никој не очекувал толку ниска понуда. Заради споредба, Voltalia победила на аукцијата за Karavastа, која ќе има инсталирана моќност од 140MW со 24,89€/MWh. Албанија добива 99% од својата електрична енергија од обновливи извори на енергија, и има императив да ги диверзифицира. Оваа земја е зависна од хидроцентралите, но тоа ја чини земјата ранлива во однос на климатските промени. Затоа Албанија планира нови аукции за ветерни електрани и соларни електрани.