Веќе една недела рампата на железничката пруга кај Хиподром постојано е отворена, возилата поминуваат слободно, бидејќи рампата е крената, а исто така и возовите.
Жителите велат дека пријавиле во полиција, од таму им рекле дека ќе преземат мерки, но рампата е во истата позиција – крената како за слободно движење.
На ова место се случиле повеќе несреќи кои завршиле трагично, а за грешките на државните институции никој не одговарал.