Во Санкт Петербург во Централната изложбена сала „Мањеж“, во партнерство со Ермитаж и галерија Третјаковскаја, со поддршка од Комитетот за култура во Санкт Петербург, со учество на театарот Марински, ликовната академија во Санкт Петербург и 32 водечки музеи низ цела Русија и во соработка со Автономната непрофитна организација за развој на уметноста и културата „Независни уметници“, од 24. март до 16. мај 2021 година се одржува изложбата „(Не)подвижност. Руска класична скулптура од Шубин до Матвејев“.
„Срцето на изложбата е голем истражувачки проект, кој траеше повеќе од две години. Неговата цел е да ги проучи можностите да и се презентираат на публиката ретки скулптури и скулптури кои се особено значајни за Русија, кои датираат од втората половина на 18-ти до почетокот на 20-от век “, вели Елисавета Павличева, раководител на изложбениот оддел во „Мањеж“.
За прв пат, историјата на основањето на национално скулпторско училиште, заедно со делата на најистакнатите мајстори, епохи, стилови и жанрови на руската пластична уметност, се презентирана преку широк спектар на примери, избрани од колекциите на мбогу државни музеи и институции.
Изложбата вклучува не само признати ремек-дела, туку и дела што ретко биле изложени.
Уметничкото решение за просторот на изложбата, исто така, игра важна улога. Развиен е заедно со оперскиот режисер Василиј Бархатов и креативното студио Циркул.
„Архитектонските решенија за изложбата предвидуваат трансформација на изложбениот простор на Мањеж во архетип на театар од царска Русија. На пример, влезната сала се трансформира во театарско фоаје, од кое може да се слушнат звуците на оркестар што ги мести своите инструменти. Првиот кат ја репродуцира атмосферата на светски познатите историски театри. А, вториот кат е зад сцената. Во и помеѓу сите овие простори, посетителите на изложбата можат да ги видат делата на најголемите мајстори на руска скулптура придружени со оперски арии од тоа време “, вели архитектот Александар Кривенцов.
Александар Опекушин, модел на споменикот на поетот Александр Пушкин во Москви, 1875, бронза
Александар Матвејев, „Жена обува чорапа“, 1912, гипс
Михаил Блох, „Портрет на писателот Максим Горки“, 1918, обоени гипс
Леополд Бернштам, „Портрет на писателот Фјодор Достоевски“, 1881, бронза