Планирана е асиметрична кула обложена во челик за градот Арл. Инспирацијата за овој дизајн архитектот Френк Гери ја пронашол во локалната геологија, римската архитектура и сликите на Винсент Ван Гог. Кулата „Лума Арл“ ќе се наоѓа во рамките на напуштеното депо на железница, кое зафаќа 10 хектари. Во рамките на овој простор, проектот за креативен кампус започна со реализација, обновени се четири блиски железнички градби, од вкупно седум, а уреден е и јавен парк.
Кулата се наоѓа на застаклена столбна плоча со цилиндрична форма. Тој е висок 56 метри со карактеристична челична фасада која се состои од 11 илјади индивидуални панели од не’рѓосувачки челик. На фасадата со неправилна форма има испакнатини што всушност се прозорци. Тие не се ставаат во посебен редослед и се чини дека се „залепени“. Кулата зафаќа површина од 15 илјади квадратни метри. Тоа ќе вклучува простори за истражување, работилници, делови за семинари и обуки, уметнички студија, како и делови за ликовни изложби.
Ван Гог живеел во овој град и во неговите дела сликал пејзажи од Арл. Следствено, уметноста исто така била инспирација за Гери за време на процесот на дизајнирање. Тој сакал да го евоцира она по што е познат Арл – од „Ѕвездена ноќ“ сè до подигнатите карпи во регионот. Централниот дел потсетува на римскиот амфитеатар, кој е еден од историските споменици и туристички атракции на ова место.
Планот е проектот да се реализира и кулата да биде отворена за јавноста на 26 јуни годинава, но под претпоставка дека нема да бидат утврдени нови локални ограничувања во врска со корона кризата.