Насловна / Арт и дизајн / Најголемата слика во светот продадена за 62 милиони долари

Најголемата слика во светот продадена за 62 милиони долари

Со површина од нешто помалку од 1.600 квадратни метри, „Патувањето на човештвото“ на Саша Јафри е најголемата слика во светот, а оваа недела грандиозното платно беше продадено за еднакво грандиозна цена на аукција во Дубаи.

j1

Сликата е продадена за 62 милиони долари, што го прави едно од најскапите уметнички дела некогаш продадени на аукции.

Јафри најпрво, сакал да го исече делото на 60 делови и да ги продаде одделно со намера да собере 30 милиони долари и да ги донира парите.

j2

На крајот, сепак, тој одлучи да ја продаде сликата во еден дел, а истата ја купил Андре Абдун, шефот на холдинг компанијата „Алтијус Гестион интернешенал“.

Парите ќе бидат наменети за голем број хуманитарни организации, вклучувајќи ги УНИЦЕФ, УНЕСКО, Министерството за образование на ОАЕ и фондацијата „Глобал гифт“.

Јафри го наслика „Патот на човештвото“ минатата година во период од неколку месеци.

j3

Испрати коментар

Scroll To Top