Насловна / Вести / Паркот Superkilen во Данска

Паркот Superkilen во Данска

Урбаниот парк создаден од BIG + TOPOTEK1 + SUPERFLEX е замислен како огромна изложба на урбани квалитетни елементи, која вклучува секојдневни предмети од повеќе од 60 различни култури, што претставува ретка комбинација на архитектура, пејзаж и уметност.

2_resize

Километарскиот урбан парк е вметнат во областа Nørrebro, северно од центарот на градот Копенхаген и формира различен, но обединувачки простор во една од најмногу етнички и социјално разновидните области во Данска. Целта на натпреварот, кој го организирале Градот Копенхаген и Фондацијата Реалданиа уште во 2005 година, бил да се создаде вистински уникатен урбан простор со силен идентитет на локално и глобално ниво. Потфатот вреден 13,4 милиони евра започнат е во 2009 година, а паркот беше отворен за јавноста во јуни 2012 година.

1_resize

Superkilen е поделен на три области кои се дефинирани со различни бои, секоја со посебни атмосферски и функционални услови: простран црвен плоштад кој служи како продолжение на соседната спортска сала и овозможува рекреативни и културни активности;

4_resize

8_resize

18_resize

Црниот плоштад претставува срце на Superkilen каде локалното население може да се сретне покрај мароканска фонтана или шаховска табла.

14_resize

9_resize

И линеарен зелен потег кој претставува природен амбиент за спортски активности и обезбедува точки на гледање на околината.

16_resize

6_resize

Овие три зони ја формираат позадината за надреалистичка колекција на глобален урбан диверзитет со над 100 предмети кои потекнуваат од 60 различни култури и го прикажуваат вистинскиот карактер на соседството. Предметите се избрани преку интензивен кураторски процес во соработка со локалното население.

4_resize

8_resize

5_resize

7_resize

13_resize

19_resize

17_resize

11_resize

10_resize

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top