Насловна / Архитектура / Музејот V&A Dundee на Кенго Кума во Шкотска

Музејот V&A Dundee на Кенго Кума во Шкотска

По налог на градскиот совет на шкотскиот град Данди, музејот за дизајн е првата зграда во Велика Британија проектирана од јапонскиот архитект Кенго Кума, сместена на бреговите на величествената река Таи.

1_resize

Визуелно впечатливата структура обезбедува ново социјално и културно седиште, кое содржи 1.650 квадратни изложбен простор, чија изградба чинеше околу 80 милиони фунти.

2_resize

Овој музеј е огранок на музејот Victoria & Albert во Лондон. Покрај експонатите на уметнички дела од колекцијата V&A, изложени се и современа шкотска уметност и производи карактеристични за оваа област, што го прави објект за кој се очекува да стане новиот културен центар на Шкотска.

3_resize

4_resize

Инспириран од шкотски карпи, аголниот облик на V&A Dundee веднаш привлекува внимание. Голема хоризонтална „дупка“предвидена е во средината на зградата. Оставен е отворен простор за да ја поврзе на улицата Union, која минува низ средината на објектот, со прекрасниот природен пејзаж на реката Таи.

5_resize

10_resize

11_resize

На овој начин, архитектонскиот тим на Кенго Кума, осмислил културен центар на 21 век кој се вклопува во животната средина и заедницата, за разлика од уметничките музеи изградени во 20 век, кои потполно не се вклопуваа во околината. Фасадата има разни сенки и промени, создадени со повеќе хоризонтални слоеви монтажни бетонски плочи, како начин со архитектонски израз да се потенцираат убави шкотски карпи.

8_resize

18_resize

Фоајето на музејот е отворен простор покриен со локално достапно дрво со мека текстура, со намера да се користи како „дневна соба“, а која ги привлекува посетителите со разни концерти и културни настани.

6_resize

7_resize

Објектот може да се пофали со одличен дизајн и материјали кои придонеле за неговите одлични енергетски перформанси, постигнувајќи *BREEAM највисока оцена.

Вградени се топлотни пумпи во комбинација со геотермална енергија за подобрување на комплетната заштеда на енергија.

15_resize

14_resize

Со цел дождовната вода ефикасно да се канализира од рамниот покрив, проектиран е детален распоред и спецификации за шемата за изолација на покривот. Овие решенија се однесуваат на потенцијалните загуби на топлина како резултат на експанзивниот рамен покрив на музејот и исто така овозможуваат управување со одводнување на дождовницата, за да подоцна  одржувањето на покривот да се сведе на минимум.

Во првите 12 месеци во музејот поминале 500.000 посетители.

13_resize

16_resize

17_resize

12_resize 19_resize 20_resize

 

Испрати коментар

Scroll To Top