Насловна / Архитектура / Жена архитект, постхумно наградена со Златен лав на Биеналето во Венеција

Жена архитект, постхумно наградена со Златен лав на Биеналето во Венеција

Венециското биенале на архитектура и оддава почит на една од ретките жени архитекти во првите редови на архитектурата на 20 век, Лина Бо Барди (1914-1992), со специјален Златен лав, кој постхумно и е доделен за животно дело. Наградата официјално ќе биде врачена на 22 мај 2021 година, во рамки на отворањето на настанот.

1_resize

Лина Бо Барди, архитект, дизајнер, сценограф, уметник и критичар, родена во Рим 1914 година, соработувала со италијанските архитекти Џио Понти и Бруно Зеви, пред да се пресели во Бразил во 1947 година со нејзиниот сопруг Пјетро Марија Барди, новинар и уметнички критичар. Нејзината кариера како архитект се одиграла во Бразил, каде ги направила Музејот на уметност во Сао Паоло, куќата de Vidro и SESC-Fabrica da Pompeia, едни од најпознатите и најценетите објекти на бразилскиот модернизам.

4_resize

Музејот на уметност во Сао Паоло

Хашим Саркис, кустос на ова 17-то Биенале, ја објасни наградата на следниов начин: „Ако постои еден архитект кој најдобро ја претставува темата за Биеналето на архитектурата 2021 година, тоа е Лина Бо Барди. Нејзината кариера како дизајнер, уредник, кустос и активист, потсетува на улогата на архитект како обединувач и што е најважно, како градител на колективни визии. Лина Бо Барди исто така ја илустрира упорноста на архитектот во тешки времиња, било да се тоа војни, политички конфликти или имиграции, и нејзината способност да остане креативна, великодушна и оптимистична со текот на времето“.

5_resize

куќа de Vidro 

Институтот Барди од Сао Паоло изјави: „Се заблагодаруваме на Биеналето во Венеција на нивната визија денес да препознаат великодушна и мултиталентирана жена, која допре толку многу луѓе и која ќе продолжи да инспирира многу генерации кои доаѓаат. Феноменалниот живот и дело на Лина Бо Барди, веќе долго се занимава со централното прашање на минатогодишната Меѓународна изложба на архитектура: Како ќе живееме заедно? За жал, како што е точно за јавните простори ширум светот, глобалната пандемија ја поткопа употребата на знаменитите јавни места кои ги проектирала во Бразил и кои со децении им служат на заедниците и граѓаните. Во таа смисла, доделата на оваа наградата ја потврдува одговорноста која ја носи Институтот Барди да ја пренесе на јавноста важноста на животното дело и архивскиот материјал на брачниот пар Барди, предизвикувајќи така значаен дискурс за социјалната улога на изграденото опкружување “.

6_resize

SESC-Fabrica da Pompeia

3_resize

Музејот на уметност во Сао Паоло

2_resize

куќа de Vidro 

Испрати коментар

Scroll To Top