Насловна / Архитектура / Албанија изгради стадион од 85 милиони евра, па забележале бизарна грешка

Албанија изгради стадион од 85 милиони евра, па забележале бизарна грешка

Во ноември 2019 година Албанија доби еден од најсовремените стадиони на Балканот. Стадионот се наоѓа во центарот на главниот град Тирана. Стадионот Air Albania е со капацитет за 22.500 гледачи, изграден по проект на италијанскиот архитект Marco Casamonti од Archea Associati.

2_resize

Проектот предвидел правоаголен стадион омеѓан со закривена линија. Фасадата е прекриена со црни и црвени метални плочи во комбинација со стакло. Металните плочи имаат закривен триаголен облик, стилизиран според форми кои потсетуваат на традиционални албански ќилими. Стадионот има и кула висока 112 метри која се вклопува во закривената линија на целата композиција. Кулата е највисока во Албанија, а во неа се сместени хотел и трговски центар. Спортскиот простор внатре во стадионот се состои од три уедначени трибини со два прстена и главна трибина на едно ниво која е наменета за ВИП ложи.

3_resize

За стадионот кој е граден од 2016 до 2019 година земјата вложи многу, ја чинеше 85 милиони евра. Но, сега имаат проблем. Состојбата на скапоцениот терен константно се влошува, а причината е недоволно сончева светлина, а се поради грешката која ја направиле архитектите при проектирање, пишува англискиот „Тајмс“.

4_resize

При изградбата на стадионот не е земена предвид природната светлина, а голем дел од теренот е постојано во сенка поради високата кула. Побарана е помош, повикани се експерти од Велс да го поправат теренот пред натпреварот со Англија од квалификациите за СП што ги чека наскоро. На стадионот пристигна инженерот Dean Gilasbey консултант на УЕФА. Неофицијално, веќе се инсталирани специјални „вештачки светла“ за да се спаси ситуацијата.

0_resize

Стадионот е изграден со многу полемики, без конкурс, јавен тендер и консултации, а неодамна целиот паркинг беше поплавен, чија изградба чинеше дури шест милиони евра.

Архитектот Marco Casamonti во меѓувреме е обвинет за корупција.

Испрати коментар

Scroll To Top