Неочекувани искуства и изненадувања не очекуваат длабоко на дното на морето и океанот.
Кога ќе нуркате под површината на морето, се отвора цел нов свет на можности и инспирација. Боите, формите, текстурите и прекршувањето на светлината низ вода донесуваат мноштво идеи кои дизајнерите со задоволство ги претвораат во одлични ремек-дела на денешницата. Ако сте љубител на морето и океанот претставуваме ламба што внесува допир на море во вашиот дом.
Инспириран од суштество кое повеќе личи на нешто што долетало од вселената отколку што се појавило од длабочините на морето, ламбата со име Cirrata е магистерска теза на Маркус Јохансон, дипломиран студент на Факултетот за дизајн и занаетчиство во Гетеборг. Претставува серија ламби за јавни затворени простори кои ја позајмуваат формата од октоподи.
Светилката е изработена од коријан, вид на цврст површински материјал кој првенствено се користел за изработка на работни површини, но наскоро пронашол и други функции. Се состои од акрилен полимер и алуминиум оксид трихидрат, материјал добиен од руда од боксит.
Убава и скоро бестежинска по изглед, со врвовите на нозете допрени до подот, ламбата Cirrata е дело што дефинитивно се забележува во просторот. Неговата едноставност, иновативниот пристап и валканата бела сенка прават просторот во кој стои да изгледа многу интересен.