Насловна / Архитектура / Прицкер 2021 за Ана Лакатон и Жан-Филип Васал

Прицкер 2021 за Ана Лакатон и Жан-Филип Васал

Ана Лакатон (1955 година, Сен Пардо, Франција) и Жан-Филип Васал (1954 година, Казабланка, Мароко) се добитници на наградата Прицкер 2021. Тие се запознале во доцните 1970-ти за време на нивните студии на École Nationale Supérieure d’Architecture et de Paysage de Bordeauxolecole.

5_resize

Лакатон продолжува со магистратура по урбанистичко планирање на Bordeaux Montaigne University, а Васал се сели во Нигер, Западна Африка каде се занимава со урбанистичко планирање. Лакатон често го посетувала Васал и токму таму започна генезата на нивната архитектонска доктрина. Тие биле под силно влијание на убавината и понизноста на штедливите ресурси во пустинските пејзажи на земјата.

2_resize

Во Niamey, Нигер, Лакатон и Васал го изградиле својот прв заеднички проект, сламена колиба, конструирана од локални гранки. Тие ветија дека никогаш нема да го уништат она што може да се откупи и наместо тоа, ќе го направат одржливо она што веќе постои, почитувајќи го луксузот на едноставност и предлагајќи нови можности.

1_resize

Во 1987 година во Париз го основаат архитектонското биро Lacaton & Vassal и оттогаш покажуваат смелост преку нивните проекти на нови згради и трансформативните проекти. Повеќе од три децении тие проектираат приватни и социјални станови, културни и академски институции, јавен простор и урбанистички стратегии. Архитектурата на овој двоец е одраз на нивната посветеност и застапување на социјална правда и одржливост, со приоритет на давање предност на просторна дарежливост и слободата на користење, преку економични и еколошки материјали.

3_resize

За време на својата кариера, архитектите ги отфрлале плановите на градот кои повикуваат на уривање на социјалните станови, наместо тоа  се фокусирале на проектирање внатре за да се даде приоритет на подобрување на животот на станарите на една зграда и нивните едногласни желби за поголеми простори.

4_resize

„Добрата архитектура е простор каде што се случува нешто посебно, каде што сакате да се насмеете, само затоа што сте таму“, вели Васал. „Тоа е исто така однос со градот, однос со она што го гледате и место каде сте среќни, каде што луѓето се чувствуваат добро и пријатно – простор што дава емоции и задоволства“.

13_resize

Нивната работа и квалитет се препознаени и наградувани со многу награди:  бирото, Lacaton & Vassal, наградено е на Trienal de Lisboa (2016) со Награда за животно дело, добитници се на наградата Fundació Mies van der Rohe, Награда на Европската унија за современа архитектура (2019), DA Grand Prize, 2020; Global Award for Sustainable Architecture, Cité de l’Architecture & du Patrimoine, 2018, Villum Foundation and Velux Foundation, 2011; International Fellowship од Royal Institute of British Architects, 2009; the Grand Prix National d’Architecture, France, 2008; Schelling Architecture Award, 2006 и многу други.

default

Објекти и проекти:

FRAC Nord-Pas de Calais, Dunkerque, станбено деловен објект во Женева Chêne-Bourg, трансформација на 530 станови во Бордо, Museum of London Smithfield Market, Management Sciences University во Бордо, Hall d’Expositions et de Congrès во Бордо, Social housing, Mulhouse, Palais de Tokyo – Место за современи креации, Ecological neighborhood, La Vecquerie, Saint-Nazaire.

9_resize

8_resize

10_resize

6_resize

7_resize

11_resize

Испрати коментар

Scroll To Top