Експерименталната автобуска станица, проектирана за арктички услови, се наоѓа во Умео, Шведска. Автобуската станица е наречена „Станица на постоење“ – место каде што патниците можат „само да бидат“, чија цел е да го претворат студеното и здодевно исчекување во неочекуван, пријатен одмор. „Станицата на постоење“ е проект на бироата RISE од Шведска и Rombout Frieling Lab од Холандија.
Општина Умео е вклучена во неколку проекти за одржливост, од кои едниот е наменет да го промовира патувањето на поодржлив начин. Во рамки на проектот на ЕУ – Horizon 2020 Паметни градови, општината поставила предизвик да го направи јавниот превоз поатрактивен за граѓаните. Оваа автобуска станица можете да се пробатана постојката „Universum“ во Умео.
„Паметната автобуска станица го претвора досадното чекање во доживување на сегашниот момент“, вели Rombout Frieling од истоименото биро.
Кога архитектонскиот тим од RISE и Rombout Frieling Lab ги набљудувал и интервјуирал патниците, ја забележал и навиката да чекаат во затворен простор, а потоа брзо трчаат кон автобусот кој пристигнува. Патниците исто така ја спомнале и потребата да бидат поопуштени помеѓу активностите. Ова ја оформило идејата за автобуска станица како место за „само да бидат“.
„За да го постигнеме тоа, направивме две работи: автобуската станица, а не патниците,„внимава“ на автобусот кој ќе пристигне. Паметен плафон со светлина и звук, исто така, им дава на патниците на знаење дека автобусот се приближува. Сфативме дека многу луѓе сакаат да бидат надвор по ден поминат во затворен простори и повеќе претпочитаат да стојат по осум часа поминати на работа, пред компјутер“, вели Nigel Papvorth од RISE.
Висечки, скулптури направени од закривено дрво станале дел од решението. Тие го покануваат патникот да се потпре и да се релаксира, истовремено обезбедувајќи засолниште од ветрот, бидејќи ротацијата им овозможува на корисниците да се свртат на страната која им годи. Пријаниот материјал од дрво пружа поддршка и удобност, а исто така висечките скулптури „прпуштаат“ машини за снег ефикасно да ја исчистат станицата.