Глобалната политика им оди во прилог нa електричните автомобили, па можно е по 2050 година возилата на фосилни горива да ги гледаме само во музеите. Светските автомобилски компании, една по друга ги претставуваат своите нови модели на електрични возила, а наскоро во продажба ќе се најдат и новите модели на Kia и Dacia. Кога станува збор за јужнокорејскиот бренд, Kia неодамна овозможи увид во EV6 crossover, нивниот прв исклучиво електричен модел. Тој ќе може да мине 500km со едно полнење, и ќе може да забрзува од 0 до 100km за помалку од 3,5 секунди. Максималната брзина која може да ја достигне ова возило е 260km/h. За Kia ова е само почеток, бидејќи планира да претстави уште 11 модели на електрични возила до 2026 година. Првенецот EV6, треба есенва да се појави во салоните.
Dacia го претсави моделот Dacia Spring, чија продажба ќе започнe оваа пролет. Електричната Dacia ќе биде најефтиниот електричен автомобил моментално достапен во Европа. Батеријата може да издржи 225km со едно полнење, а максималната брзина е 78km/h, што го прави овој модел неповолен за подолг пат. Но, секако тој е одлично еколошко решение за градско возење. Токму затоа тој има многу компактен изглед, а полупречникот на свртување му овозможува многу лесно паркирање. Dacia подготвува и апликација за мобилни телефони која на корисниците ќе им овозможи да го надгледуваат статусот на полнење на возилото, да го лоцираат истото и да управуваат со условите на комфор во него.