Насловна / Архитектура / Куќата Casa Mague во Мексико неприметна меѓу дрвјата (видео)

Куќата Casa Mague во Мексико неприметна меѓу дрвјата (видео)

Архитектонското биро Mauricio Ceballos X Architects (MCXA) ја реализираше својата идеја во врска со проектот на една многу необична куќа во Мексико, во Malinalc, наречена Casa Mague.

1_resize

Дизајнот на оваа куќа внимателно ја зема во предвид природата и предхиспанската историја на самото место. Локацијата која ја избрале клиентите заради нејзината единствена микроклима и големите дрвја, се граничи со – cerro de los idolos – ридот на идолите, каде што Ацтеките оставиле свој белег.

5_resize

3_resize

При отпочнување на процесот на проектирање на оваа куќа, тимот архитекти ги разгледал следниве прашања: како да се создаде конструкција со модерен јазик во предхиспански контекст кој ќе успее да се вклопи во природата и културната средина, почитувајќи 100 отсто од постоечката вегетација? Како да се развие флексибилен и безвременски дом? Како да се развие конструкција што имитира природа?

2_resize

Одговорот го пронашле набљудувајќи ги дрвјата, сфаќајќи дека секој дел од дрвото им порачува нешто важно, и коренот и стеблото и крошна. Исто како и овие три дела, тие го поделиле проектот на три нивоа; првиот што има рефлексија на огледало и го одразува тлото  давајќи и на архитектурата лебдечки изглед, потоа просторот за живеење каде што сè е сведено на исто ниво, и на крај надворешниот дел кој всушност е формиран од крошни на околните дрвја.

6_resize

При изградбата на оваа куќа, строго се водела сметка да не се оштетат постојните дрвја, што довело до тоа основата на куќата да обиколува околу дрвјата. Изградена во својата приземна форма, куќата се состои од низа флексибилни волумени кои се поделени со отворени простори.

4_resize

Во таа приказна вклучени се и бројни тераси, како и голем дво. Благодарение на овој концепт, затворениот простор всушност станува отворен и неговите сопственици можат да бидат во близок контакт со природата секој ден.

10_resize

Посебен детал на овој проект е дневна соба на отворено, која е опишана со ацтечката конструкција направена од дрвени плочи кои наликуваат на блоковиите со кои се градени пирамидите. Покрај овој простор тука е и џакузи, како и камин од камен, кој е традиционална алатка за употреба во мексиканската кујна.

11_resize

8_resize

7_resize

12_resize 13_resize 14_resize 15_resize

Испрати коментар

Scroll To Top