Насловна / Вести / Фукушима: Од симбол на нуклеарна катастрофа до пионер во енергетска транзиција

Фукушима: Од симбол на нуклеарна катастрофа до пионер во енергетска транзиција

На десетгодишнината од најсилниот јапонски земјотрес, Фукушима може да се пофали дека е на вистинскиот пат од симбол за нуклеарна катастрофа да стане симбол на енергетска транзиција. Навистина, дел од промените се изнудени, но првенствено се последица од сфаќањата на нејзините жители дека зелената енергија е подобро решение од нуклеарките или фосилните горива. Фукушима поставила амбициозна цел до 2040 година 100% од енергијата да ја произведува од обновливи извори. Досега е на добар пат, бидејќи за изминативе 10 години овој удел стигнал до 37,4%. Најголем дел од зелената енергија доаѓа од соларната, каде капацитетите за 10 години од нула достигнале 2,1 GW, а во тек е изградба на соларни електрани и ветерни паркови со инсталирана моќност од 600 MW.

Но, Фукушима отишла и чекор понапред, па развива најмодерни решенија кои ги нуди зелената енергија. Така, во префектурата веќе е инсталирана една од најголемите светски постројки за производство на зелен водород, со моќност од 10 MW. Одредени места во префектурата одлучиле трагедијата од пред десет години да ја перцепираат како прилика и радикално да ја преиспитаат одржливоста на своите заедници. За многумина, клуч на просперитетна и иднина која ќе им овозможи прилагодување на промените, е енергијата која се произведува локално и локално се троши. Во една од населбите, сите домови се снабдуваат од локалната соларна централа.

transition2

Инаку, во Фукушима се посадени над осум милиони сончогледи како симбол на вербата и надежта во обновата на Јапонија. Се разбира, последиците од катастрофата која се случи во нуклеарката тешко ќе бидат санирани, но и овде Јапонија има проaктивен однос. Имајќи предвид дека голем дел од населението се одлеало кон планинските подрачја, ќе бидат изградени 10 ветерни паркови и 11 соларни централи во ваквите предели, но и на земјиште кое не може да се користи за земјоделство. Овој проект вреди 2,7 милијарди УСД, а вкупната инсталирана моќност од овие постројки е 600MW.

Јапонија веќе се обврза на климатска неутралност до 2050 година, а искуствата од транзицијата на Фукушима ќе бидат драгоцени во остварувањето на оваа цел.

Yamakura Dam Floating Solar Farm

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top