Плоштадот на Алмодовар во родниот град на славниот режисер го добил на конкурс локалното биро Enproyecto arquitectura. Иако е создаден пред повеќе од една деценија, денес е подеднакво актуелен и привлечен. Специфичниот начин на изведување во лесен бетон е најзаслужен за неговата долговечност, особено интензивната црвена боја толку специфична за Педро Алмодовар.
Со распишаниот конкурс барано е решение за поврзување на родниот град на Алмодовар, Calzada de Calatrava, во срцето на Ла Манш, со неговата богата кинематографска работа, влијанието кое го има врз културата и уметноста и специфичниот пејзаж на неговата земја Шпанија. Додека во Calzada не постоела кино сала, улицата каде што живеел во Caceres имаше не само училиште, туку и кино. „Киното стана мое вистинско образование каде што научив многу повеќе отколку кај свештениците во верското училиште во Caceres “, изјавил тој подоцна во едно интервју.
Победничкото решение на бирото Enproyecto arquitectura понудило едноставно, но ефектно решение со рамни линии, монументален спомен-плоштад во форма на Ламадоваровата камера. Пејзажот останува заробен во споменикот.
Конечниот облик на зградата, инспириран од фокусот на камерата, како и нејзината форма, истовремено ги решава бројните функции на споменикот кој се користи како место за средби, видиковец и место за набљудување на локалниот пејзаж, но и простор за концерти и награда за филм „Алмодоар“ која се доделува еднаш годишно.
Гледано од блискиот парк, споменикот изгледа како мал, истакнат рид. Од друга страна, поставен покрај локалниот пат, има голема видливост за секој што се движи на таа релација.
Интензивната црвена боја, која флертува со достигнувањата на Алмодовар, никого не го остава рамнодушен. Покрај бојата, ѕидовите се изработени во текстури кои се присутни во филмовите на славниот режисер.
Особено е интересен и изборот на материјали и начинот на изведување кои одговорија на потребите на местото и ја направија црвената боја толку интензивна и долготрајна. Споменикот е направен од сув, самоносечки бетон, мешан со вода и боја на самото место. Иако е со висока густина, овој вид бетон се истура во мрежа со арматура, без вибрирање, па затоа е полесно да се избегне сегрегација.
Црвената боја не е нанесувана на фасадата како завршен слој, туку бетонот е обоен во сите негови слоеви, така што дождот и неповолните временски услови не можат да влијаат на неговите карактеристики.