Истражувањето кое го спровела аналитичарската куќа IDC, укажува дека новите трендови на премин на cloud computing, ќе донесат големо намалување на емисиите на CO2. Меѓутоа, колкаво ќе биде навистина тоа влијание, првенствено ќе зависи од тоа како големите компании ќе ги градат своите data центри во наредните неколку години. Во периодот од 2021 до 2024 година, преминот на cloud computing, ќе ги намали емисиите на CO2 за минимални 629 метрички тони, но ако сите data центри во 2024 година бидат базирани на еколошки принципи, заштедата би можела да достигне дури 1,6 милијарди метрички тони CO2. IDC прогнозира дека до 2024 година, околу 60% од data центрите ќе прифатат „попаметни“ технологии и дека е реално вкупната заштеда во емисиите на CO2 биде околу една милијарда метрички тони. Тие резултати можат дополнително да се подобрат, доколку data центрите се градат на локации каде можат подобро да бидат искористени обновливите извори на енергија.
При анализата, IDC се раководела од сопственото истражување за дистрибуција на серверите, употребата на cloud во деловни цели, но и на екстерни информации за потрошувачката на енергија на data центрите, емисиите на јаглерод диоксид по kWh и споредба на тие вредности за cloud и не-cloud data центри. Резултатите покажале дека cloud computing ја намалува емисијата на CO2 поради повисоката ефикасност и поради тоа што е во состојба да ги агрегира и подобро да ги искористи ресурсите. Поефикасно ги искористуваат енергетските капацитети, нивното ладење е подобро оптимирано, а и ефикасноста на серверите е подигната на повисоко ниво.
Инаку, многу големи технолошки компании сериозно размислуваат за намалување на емисиите на јаглерод диоксид. На пример, IBM на почетокот на оваа година ги објави своите планови во врска со постигнување на zero emmision CO2 статус до 2030 година. Microsoft, Google и Facebook, исто така планираат до истата година да ја „искоренат“ емисијата на јаглерод диоксид, додека Amazon планира да го стори тоа до 2040 година.